Доверба
Градиме односи засновани на транспарентност и исполнети ветувања.
UHost е македонски провајдер за веб хостинг, домени, Cloud решенија, дедицирани сервери и апликативен веб развој со мисија да обезбедиме стабилни, безбедни и достапни услуги што го движат вашиот успех.
Нашата приказна
UHost функционира од 2006 година како веб хостинг провајдер и партнер за компании, организации и поединци кои градат и развиваат онлајн проекти.
Нашата работа не започнува и не завршува со хостирањето. Од регистрација на домен, избор и поставување на серверска инфраструктура и веб хостинг, до изработка на веб-сајтови и веб апликации, па сè до нивно одржување – се грижиме за целиот проект на едно место.
Веруваме дека стабилната услуга не значи само да реагираме кога ќе се појави проблем. Следиме, размислуваме однапред и превенираме. Проактивно ја следиме инфраструктурата и работата на системите за навреме да ги препознаеме и спречиме потенцијалните проблеми.
Со текот на годините изградивме долгорочни односи со клиенти кои ни ја доверуваат својата веб инфраструктура, веб-сајтови, апликации и сервери. За нас, тоа е повеќе од техничка услуга. Сакаме да го разбереме вашиот проект и да бидеме партнер на кој можете да се потпрете – од првата идеја, до секојдневното функционирање и развој.
Основана компанијата UHost за веб развој, хостинг услуги и регистрација на домени.
Дедицираните сервери стануваат дел од нашата понуда на услуги.
Проширување на инфраструктурата и воведување на виртуелни сервери (VPS).
Лансирање на Cloud VPS платформа и проширување на портфолиото на услуги.
3000+ клиенти и континуиран фокус на иновации, безбедност и стабилност.
Градиме односи засновани на транспарентност и исполнети ветувања.
Ги заштитуваме вашите податоци со современи стандарди и континуирани подобрувања.
Обезбедуваме брзи, стабилни и скалабилни решенија за секој бизнис.
Ние сме тука 24/7, секогаш подготвени да помогнеме.
Стабилен и сигурен хостинг за веб сајтови од сите големини.
Моќни и флексибилни виртуелни сервери во облак.
Максимална моќ и контрола за најкритични проекти.
Регистрација и управување со домени навреме и едноставно.
Изработка на веб сајтови и апликации прилагодени на вашиот бизнис.
Систем за управување со квалитет
Систем за управување со ИТ услуги
Заштитени конекции и податоци
Напредна мрежна заштита 24/7
Изолирани ресурси за стабилност и сигурност
Заштита од malware и напади
Поврзете се со нас и дознајте како можеме да ви помогнеме.














