Нашата мисија
Да обезбедиме квалитетни ИТ услуги и поддршка на кои клиентите можат да се потпрат. Ги следиме потребите на корисниците, реагираме навремено и постојано работиме на подобрување на нашите услуги и процеси.
Нашата визија
Да бидеме стабилен и професионален избор за клиентите кои бараат сигурен партнер за своето онлајн присуство и ИТ инфраструктура.
Нашите вредности
Квалитет – работиме според јасно дефинирани процеси и стандарди.
Сигурност – користиме проверени технологии и решенија за стабилни и безбедни услуги.
Корисникот на прво место – ги разбираме потребите на клиентите и бараме практични решенија.
Континуирано подобрување – ги следиме новите технологии и постојано ги унапредуваме услугите.
Професионалност – вложуваме во знаењето, компетентноста и развојот на нашиот тим.
Посветеност кон квалитетот
Нашата посветеност на квалитетот
Со цел остварување на својата Мисија и Визија, Тим Корпорејшн се стреми кон реализација и почитување на следните постулати:
- Создавање на ефикасна, ефективна реализација на барањата на корисниците преку воведување, оддржување и постојано подобрување на Систем за управување со услуги (SMS) и Системот за менаџмент со квалитет;
- Примена на законската легислатива, задоволување на барањата на стандардите ISO 20000-1:2018 и ISO 9001:2015 и постојано подобрување на квалитетот на работните процеси и услугите кон нашите корисници;
- Континуирано следење на новите трендови и промени на пазарот , како и оспособување и тренинг на вработените за зголемување на компетентноста, квалитетот и брзината на услугите кои ги нудиме;
- Управување со проблемите и инцидентите преку дијагностицирање на суштинските причини за нивна појава, како секојдневен процес при што се обновува нормалното ниво на услуги со минимално влијание на работните процеси;
- Постојано подобрување на Системот за обезбедување квалитет на ИТ услуги и ефективно управување со сите промени преку следење и имплементација на нови технологии, методологии и стандарди;
- Фокусирање кон корисникот, подобрување на квалитетот на услугата и работа со веќе докажани брендови, како и брзо и навремено реагирање за отстранување на проблем/дефект.














